Достапни линкови

Турција и Ирак планираат заеднички воени вежби


Ирачките Курди гласаат на референдумот за независност

Турската и ирачката армија од денеска почнуваат заеднички воени вежби во Турција, во близина на границите со полуавтономниот курдски регион на северот на Ирак каде што е во тек пребројување на гласовите на референдумот за независност. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани со воена интервенција во Ирак како одговор на референдумот. Курдите се доминантно население на југоистокот на Турција, северот на Сирија, северот на Ирак и северозападот на Иран. Овие четири области го сочинуваат регионот Курдистан. Ирачкиот дел на Курдистан има автономија од 1991 година.

XS
SM
MD
LG