Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: ЕЛЕМ бега од вистинските скандали со тендерите


Седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

Манипулативните напади насочени кон претходните раководни лица објавени на денешната прес конференција се само обид да се избега од реалните скандали на владата на СДСМ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ откако претходно генералниот директор на компанијата Драган Миновски на изјави дека претходното раководство на АД ЕЛЕМ во периодот од 2012 до 2017 година потрошило 212 милиони евра за ангажирање надворешни компании за ископ на јаглен и јаловина.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ЕЛЕМ е компанијата која наместила тендер од кој требало да се офајди фирмата на вицепремиерот Анѓушев во износ од 2.6 милиони евра.

„ЕЛЕМ е компанијата која поништи легален тендер за РЕК Битола со која требаше на долг рок да ги намали трошоците за ископ на јаглен и со сопствени средства да обезбедува ископ, нешто што не му одговара на актуелното раководство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Денешниот прес на ЕЛЕМ преставува обид да се избега од вистинските скандали поврзани со тендерите кој сам вицепремиерот Анѓушев си ги додели на својата фирма, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG