Достапни линкови

Руски активисти - ЕУ да истражи злосторства против хомосексуалци во Чеченија


Архива - Игор Кочетков, активист за правата на хомосесуалците.

Руски активисти за граѓанско општество ги повикуваа земјите членки на Европската унија да истражат злостроства врз хомосексуалци, наводно извршени од страна на чеченските власти. Основачот и член на Советот на руската ЛГБТ мрежа, Игор Кочетков, денеска пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент рече дека неговата организација им помогнала на 76 луѓе да ја напуштат Чеченија.

„Треба да разбереме дека тие што се евакуираат од Чеченија се уште се под закана, не само во Чеченија, но и надвор од неа. Чеченските власти ги бараат директно или преку нивните семејства и се обидуваат да ги заплашат“, рече тој.

Кочетков исто така рече дека има десетици жртви или сведоци на злосторства кои живеат во земјите на ЕУ и оти се подготвени да сведочат, но дека им се потребни гаранции за безбедност.

Независниот руски весник „Новаја Газета“ објави дека повеќе од 100 луѓе се уапсени во Чеченија според претпоставки дека се хомосексуалци и дека најмалку тројца од нив се убиени. Другите наводно биле малтретирани.

XS
SM
MD
LG