Достапни линкови

Србов - Неуставна е одлуката за поништување на решенијата за референдуми


Илустрација - Седиштето на ВМРО ДПМНЕ во Скопје.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Србов, денеска реагира дека инспекторатот за локална самоуправа нема право да ги запре решенијата на општините за референдуми за кампови за мигрантите. Тој смета дека референдумите се запрени поради стравот на СДСМ од мислењето на народот.

„За законитоста за одредени прашања може само да одлучува Уставниот суд на Република Македонија“, вели Србов.

Државниот инспекторат за локална самоуправа во петокот донесе одлука да ги запре решенијата за организирање локални референдуми за мигрантите во општините на денот на локалните избори, 15 октомври, и да поведе постапка пред Уставниот суд за утврдување на законитоста.

XS
SM
MD
LG