Достапни линкови

Путин менува локлани гувернери во пресрет на изборите


Доскорешниот гувернер на областа Самара, Николај Меркушкин

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши гувернерот на областа Самара, Николај Меркушкин, по шпекулациите за прочистување на регионалните лидери во пресрет на претседателските избори во март догодина.

Во одлуката објавена денеска на сајтот на Кремљ се наведува дека Путин ја прифатил оставката на Меркушкин и на негово место за в.д. гувернер го поставил Дмитриј Азаров, член на горниот дом на рускиот парламент и поранешен градоначалник на градот Самара. Меркушкин, пак, е назначен за претставник на Путин на Светскиот конгрес на угаро-фински народи.

Неколку часа пред разрешувањето, рускиот весник Комерсант, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека гувернерите на неколку области ќе се повлечат во наредните денови. Весникот објави дека прочистувањата се поврзани со подготовките за претседателските избори на 18 март 2018 година, на кои се очекува Путин повторно да се кандидира. На претходните избори Кремљ побара од гувернерите на регионите да обезбедат што поголема поддршка за Путин.

XS
SM
MD
LG