Достапни линкови

Ограбена џамијата во Радолишта, украдени 100 евра


Поглед на струшкото село Радолишта. Фото: Лиридон

Околу 6.000 денари се украдени викендов од џамијата „Башкими“ во струшкото село Радолишта.

Како што соопшти МВР, настанот се случил меѓу 21 и 05 часот кога непознат сторител насилно го отворил прозорецот и влегол внатре, по што од метална каса поставена на ѕидот ги одзел парите и се оддалечил во непознат правец.

Увид изврши екипа од Полициската станица Струга.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

XS
SM
MD
LG