Достапни линкови

Распуштање на парламентот и предвремени избори во Јапонија


Јапонскиот премиер Шинзо Абе

Јапонскиот премиер Шинзо Абе соопшти дека ќе го распушти Долниот дом на Парламентот и ќе распише предвремени избори во октомври – потег на кој се гледа како на негов обид да ја зајакне својата позиција во време кога опозицијата се соочува со сериозни проблеми. На денешната прес-конференција, тој рече дека Долниот дом ќе биде распуштен на 28 септември. Изборите треба да се одржат на 22 октомври.

Рејтингот за одобрување на политиките на Абе се зголеми на 50 отсто од 30 отсто во јули.

Се очекува, во пресрет на кампањата, Абе да ги ограничи јавните трошоци, да ја задржи цврстата позиција кон Северна Кореја и да ги ревидира уставните одредби во однос на армијата.

Перцепцијата на гласачите за Абе како силен лидер го зголеми неговиот рејтинг поради зголемените тензии околу нуклеарната програма на Северна Кореја.

Шинзо Абе е премиер на Јапонија во изминатите речиси шест години. По краткиот мандат пред една деценија. Тој се врати на власт со убедлива победа во 2012 година.

XS
SM
MD
LG