Достапни линкови

Заеднички воени вежби на Русија и Пакистан


Архивска фотографија: Руски воени вежби

Специјалните сили од Русија и од Пакистан започнаа двонеделни заеднички вежби во руската република Карачаево-Черкезија на северен Кавказ.

„Вежбите имаат цел размена на професионални искуства и консолидирање на соработката во воената сфера меѓу планинските единици на Русија и на Пакистан“, рече пакистанскиот генерал Саид Аламдар Хусеин Шах на почетокот на вежбите во селото Нижни Архиз.

Руски претставници соопштија дека вежбите „Дружба 2017“ ќе ја зајакнат соработката во антитерористичките операции, мисиите за спасување заложници и операциите за обезбедување и потрага.

Вежбите треба да траат до 4 октомври.

Пакистан и Русија потпишаа договор за соработка во одбраната во 2014 година. Првата заедничка воена вежба, според договорот, наречена „Дружба 2016“ беше одржана во септември 2016 година во планините меѓу градовите Пешавар и Равалпинди во Пакистан.

XS
SM
MD
LG