Достапни линкови

Груевски - Заев е донесен на власт за да го реши името по терк на Грција


Архивска фотографија: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Зоран Заев е донесен на власт да го реши името онака како што сака Грција и се чека да завршат локалните избори за да започнат преговорите. Целата операција за промена на владата е направена за решавање на името по терк на Атина.

Ова синоќа во интервју за Сител го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, наспроти вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев по враќањето од Њујорк дека не е подготвен да преговара за идентитетските прашања.

Според Груевски, никој не верува дека на средбата со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас станало збор за мерки за градење доверба, туку за идентитетските прашања.

Во контекст на локалните избори, Груевски рече дека не очекува да бидат фер избори, дека се заплашуваат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и дека последните постапки покажале дека полицијата ќе биде ставена во партиска служба и за кампањата.

Груевски исто така најави дека по локалните избори неговата партија ќе бара предвремени парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG