Достапни линкови

Лавров верува дека САД нема да ја нападнат Северна Кореја


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров верува дека САД нема да ја нападнат Северна Кореја, бидејќи таа земја поседува нуклеарно оружје. „Американците нема да извршат напад врз Северна Кореја, бидејќи не само што се сомневаат, туку и со сигурност знаат дека поседува нуклеарни бомби“, изјави тој во интервју за руската телевизија НТВ. Во почетокот на месецов Северна Кореја изведе подеземна проба на хидрогенска бомба која се верува дека била за 16 пати посилна од бомбата фрлена врз Хирошима во 1945 година.

XS
SM
MD
LG