Достапни линкови

Започна кампањата за локалните избори


Државната изборна комисија - ждрепка за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати.

На полноќ и официјално започна кампањата за локалните избори што че трае до 13 октомври. Кандидатите за градоначалници вчера потпишаа Кодекс за одржување слободни и демократски избори, со кој се обврзаа дека ќе ја почитуваат законската регулатива за време на организирањето и спроведувањето на изборите. Од Државната изборна комисија велат дека ги направиле сите потребни подготовки за спроведување на овој изборен циклус. На локалните избори што ќе се одржат на 15 октомври ќе учествуваат 19 политички партии и коалиции, како и неколку листи на независни кандидати за општински советници.

XS
SM
MD
LG