Достапни линкови

Времето денеска: претежно облачно


Во Македонија ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во западните и југозападните делови на земјава. Во останатите подрачја врнежите ќе бидат локални и со послаб интензитет. Локално се очекува да наврнат над 15 л/м2. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 12, а максималната од 17 до 24 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен југоисточен ветер и со повремен дожд. Температурата ќе се движи од 11 до 19 степени.

XS
SM
MD
LG