Достапни линкови

Иран со воени вежби во близина на курдскиот регион


Ирански војници на воена парада пред два дена.

Иранските сили започнале воени вежби во близина на границата со курдскиот автономен регион, ден пред одржувањето на контроверзниот референдум за независност во северниот регион на земјата. Ирански медиуми јавија дека вежбите се дел од традиционалните настани за одбележување на почетокот на војната меѓу земјата и Ирак која траеше од 1980 до 1998 година. Според нив, вежбите вклучувале артилерија, околопни возила и воздушни трупи.

Судири меѓу иранските курдски милитантни групи во Ирак се чести на граничниот регион. Ирачките власти предупредија дека воено ќе одговорат на било кое насилство во врска со гласањето на референдумот. САД и ОН го осудија референдумот.

XS
SM
MD
LG