Достапни линкови

Пакистан и Индија со меѓусебни обвинувања за тероризмот


Пакистански ренџери и индиски гранични безбедносни сили со знамињата на своите земји на церемонија на границата меѓу двете држави.

Пакистан и Индија разменија обвинувања за поддршката на тероризмот на Генералното Собрание на ОН во Њујорк. Пакистан реагираше на обвинувањата од Индија дека Исламабад ги поддржува терористите и возврати дека земјата е „мајка на тероризмот“ во јужна Азија, Индија посочи дека Пакистан е фабрика за терористи и ја нарече земјата Терористан.

Индија го обвинува Пакистан за тренирање и вооружување на исламските милитанти. Според пакистанските власти, обвинувањата се со цел да се сврти вниманието на светот од бруталностите кои ги извршуваат безбедносните сили во индискиот регион Кашмир каде доминантно живеат муслимани.

XS
SM
MD
LG