Достапни линкови

Османи на конференција во Салцбург и на средба со Хан


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ќе присуствува на 13. конференција на европски градови и региони на тема „Наредната генерација на нови земји - членки на ЕУ“, што се одржува во Салцбург, Австрија, во организација на Институтот на регионите на Европа. На конференцијата ќе се говори за шансите и перспективите на земјите од Западен Балкан во контекст на политиката на проширување на ЕУ.

Главен говорник на конференцијата ќе биде еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Османи ќе има неформална средби со еврокомесарот Хан, при што акцент ќе се стави на напредокот на Македонија во откочувањето на евроинтегративните процеси, имплементацијата на Планот 3-6-9, како и напредокот на земјава во односите со соседите. Најавени се и неколку билатерални средби на маргините на конференцијата.

XS
SM
MD
LG