Достапни линкови

Притворен рускиот опозициски активист Удалцов


Сергеј Удалцов

Руската полиција го притворила опозицискиот активист Сергеј Удалцов и уште 30 други демонстранти за време на анти-капиталистичкиот собир во центарот на Москва. Писателот и националистички политичар Едуард Лимонов е меѓу притворените. Претходно на профил на Твитер поврзан со Удалцов беше постирано дека демонстрантите се движеле мирно без транспаренти.

Според полицијата, протестот не бил пријавен. Удалцов беше пуштен од затвор на 8 август по 4 ипол години откако беше осуден за неговата улога во организирањето на протестите во мај 2012 година против претседателот Владмир Путин и неговата власт на плоштадот Болотнаја.

XS
SM
MD
LG