Достапни линкови

Загриженост за зимските олимписки игри во Јужна Кореја


Медалите од зимските олимписки игри во Сочи 2014 година.

Австрија, Германија и Франција соопштија дека размислуваат за повлекување од зимските олимписки игри кои треба да се одржат во наредната година во Јужна Кореја поради зголемените стравувања од нуклеарната програма на Северна Кореја. Олимписките игри се закажани за февруари во Пјеонгчанг кој се наоѓа на 80 километри од границата со Северна Кореја.

Поради зголемените тензии меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, министерот за надворешни работи на Северна Кореја на новинарите во седиштето на ОН во Њујорк им посочил дека неговата земја можеби наредниот тест со хидрогенска бомба ќе го изврши над Пацификот наместо под него.

XS
SM
MD
LG