Достапни линкови

Иранските власти тестирале нова балистичка ракета


Балистичката ракета која денеска ја лансирале иранските власти.

Иранските власти соопштија дека успешно тестирале нова балистичка ракета и покрај предупредувањата од Вашингтон дека земјата е подготвена да го напушти нуклеарниот договор доколку Техеран продолжи со такво однесување. Ирански медиуми објавија видео од лансирањето на ракетата која вчера беше претставена на воена парада.

Според медиумите, дострелот на ракетата е 2000 километри. Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека земјата ќе ја продолжи својата нуклеарна програма и зајакнувањето на воените капацитети и покрај барањето на американскиот претседател Доналд Трамп, Техеран да престане со развојот на опасни ракети.

XS
SM
MD
LG