Достапни линкови

Спречен терористички заговор во Киргистан


Припадници на киргистанските безбедносни сили

Киргистанските власти соопштија дека спречиле терористички заговор од неидентификувани членови на забранета екстремистичка група против тековната претседателска изборна кампања. Според полицијата, тие планирале напад за време на кампањата. Полицијата спровела неколку рации при кои било конфискувано оружје, екстремистичка литература и продукти од кои можело да се направи импровизирана експлозивна направа. Тројца осомничени, како што е наведено во соопштението, биле уапсени за време на рациите.

XS
SM
MD
LG