Достапни линкови

Трамп размислува за нови мерки за забрана за влез во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за замена на привремената забрана за патување на државјани од шест доминантно муслимански земји во САД со упатување на наредба врз оние земји кои не ги исполниле барањата за зајакнување на заштитните мерки против екстремистите.

Забраната за издавање виза на државјаните од Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен истекува на 24 во овој месец. Според властите, Департментот за домашна безбедност упатил препорака до Трамп за замена на постојната забрана со построги мерки, но тој се уште не донел одлука што да преземе.

XS
SM
MD
LG