Достапни линкови

Членките на ЕУ од Балканот ќе им помагаат на останатите земји


Знамето на ЕУ

Бугарија, Грција, Романија и Хрватска, заедно ќе помагаат за европската интеграција на останатите шест земји од Балканот. Прес-службата на бугарското МНР соопшти дека тоа се договориле министрите за надворешни работи на четирите земји на работната средба во Њујорк.

Според соопштението,министрите направиле преглед на она што досега го постигнале Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора и се согласиле да дадат политичка и експертска поддршка за европската перспектива на земјите. Министрите се договориле и заедно да ги посетат земјите-кандидатки за да дадат знак дека стојат зад нив во нивните напори да ги исполнат критериумите за членство.

XS
SM
MD
LG