Достапни линкови

Иран ќе продолжи со нуклеарната програма


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека земјата ќе ја продолжи својата нуклеарна програма и зајакнувањето на воените капацитети и покрај барањето на американскиот претседател Доналд Трамп, Техеран да престане со развојот на опасни ракети. Рохани говорејќи на воена парада, како што јавија ирански новински агенции, претстави нова балистичка ракета кој може да стигне до Блискиот Исток, како и Израел. Рохани порача и дека нема да бараат дозвола од никого за одбрана на земјата.

XS
SM
MD
LG