Достапни линкови

Меј предложи двегодишен транзициски период по Брегзитот


Британската премиерка Тереза Меј зборува во Италија, 22.09.2017

Британската премиерка Тереза Меј предложи две годишен транзициски период за Британија откако ќе ја напуштат Европската унија, сугерирајќи дека Обединетото Кралство ќе продолжи да ги извршува своите обврски кон унијата согласно тековниот буџет. Меј зборувајќи денеска во Италија рече дека Британија треба да има пристап во тој период до европскиот заеднички пазар. Таа додаде дека другите земји членки на унијата не треба да плаќаат повеќе и сугерираше дека Лондон ќе ја плати сметката за излегување од блокот. Коментарите на Меј доаѓаат во период на застој во разговорите за излегувањето на Британија од ЕУ. Тие запнаа на прашањата поврзани со сумата која треба да ја платат за да се исполнат финансиските обврски на земјата кон унијата.

XS
SM
MD
LG