Достапни линкови

Убиени сириски активистки во Истанбул


Мостот Јавуз Султан Селим во Истанбул кој го поврзува европскиот и азискиот дел на градот

Сириска активистка и нејзината ќерка новинарка се пронајдени мртви со убодни рани од нож во нивниот дом во азискиот дел на Истанбул. Телата на 60-годишната Ауруба Баракат и нејзината 22-годишна ќерка Хала биле пронајдени доцна синоќа, откако нивни пријатели во полиција пријавиле дека тие не дошле на работа, јави турската државна новинска агенција Анадолија.

Други турски медиуми јавуваат дека Ауруба Баракат ги истражувала наводните мачење во затворите на сириската влада.

Сириски опозициски активисти велат дека таа била член на Сирискиот национален совет со седиште во Истанбул, умерена опозициска организација формирана во 2011 година, која му се спротивставува на претседателот Башар ал-Асад.

Нејзината ќерка била новинарка во сирискиот опозициски Ориент њуз.

Сириските Курди го обвинуваат Сирискиот национален совет дека е под преголемо влијание на Турција. Западните професори, пак, на организацијата гледаат како на канал за привлекување странски пари и оружје за расцепканата сириска опозиција.

XS
SM
MD
LG