Достапни линкови

Советот на Европа бара од Русија да му дозволи на Навални да се кандидира


Алексеј Навални на митинг во Омск

Одлучувачкото тело на Советот на Европа, Комитетот на министри, соопшти дека руските власти продолжуваат да ги кршат правата на опозицискиот лидер Алексеј Навални и ја повика Москва да му дозволи на Навални да се кандидира на изборите за руски претседател.

Комитетот на министри вчера соопшти дека Навални „продолжува да ги сноси последиците од произволната и неправедна“ пресуда и покрај тоа што Европскиот суд за човекови права во февруари пресуди дека случајот против Навални и уште еден обвинет е „неразумен“. Реакцијата се однесува на обвинението против Навални, за кое случајот е на повторно судење, во кое тој беше осуден на пет години условна затворска казна за финансиски криминал.

Руското Министерство за правда го обвини Советот на Европа дека ги пречекорува своите овластувања и се обидува да изврши политички притисок врз руските власти во пресрет на кампањата за претседателските избори кои треба да се одржат во мај 2018 година. Руските власти велат дека пресудата му забранува на Навални, кој се обидува да се кандидира за претседател во 2018 година, да врши јавна функција.

Навални вели дека не виновен и оти случајот против него е политички мотивиран како одмазда за антикорупциската предизборна кампања што ја води против претседателот Владимир Путин, кој се очекува повторно да се кандидира во 2018 година.

Комитетот на министри во Советот на Евопа е составен од министрите за надворешни работи од сите 47 земји-членки или од нивните постојани дипломатски претставници во Стразбур.

XS
SM
MD
LG