Достапни линкови

Нови престрелки меѓу Индија и Пакистан на Кашмир


Архивска фотографија: Индиски војници во Кашмир

Пакистанската армија соопшти дека шестмина пакистански цивили биле убиени, а повеќе од 20 се ранети во ноќешната прекугранична престрелка со индиските сили во спорниот регион Кашмир на Хималаите. Армијата соопшти дека судирот започнал околу полноќ и оти „спорадични престрелки“ околу Линијата на контрола, која го дели Кашмир на индиски и пакистански дел, имало до утринава.

Пакистан тврди дека индиските сили почнале да пукаат без да бидат испровоцирани и оти пакистанските војници возвратиле.

Војниците од двете земји редовно пукаат едни кон други долж Линијата на контрола, но ова е најкрвавата престрелка во последните неколку месеци.

XS
SM
MD
LG