Достапни линкови

Ким Џонг Ун: Трамп скапо ќе плати за заканите


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп бил „пореметен“ и оти „скапо ќе плати“ поради заканите што и ги упати на Северна Кореја на Генералното собрание на Обединетите нации. „Скапо ќе плати тој човек кој е врховен командант на САД поради говорот во кој повикува на тотално уништување на Северна Кореја“, е пораката на Ким Џонг Ун што ја пренесува севернокорејската државна новинска агенција. Тој додал дека изјавата на Трамп во ОН само го зацврстило неговото уверување дека го избрал вистинскиот пат. Трамп вчера воведе нови санкции врз поединци и компании кои соработуваат со Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG