Достапни линкови

Воени претставници на САД и Русија разговараат за Сирија


Соединетите држави соопштија дека американски и руски воени претставници се состале во Сирија за да разговараат за зголемените тензии околу преостанатите упоришта на милитантите на Исламската држава во таа земја. Сириските владини сили, руски специјалци и сириски борци поддржани од САД се борат за провинцијата Деир Езор кој е богат со нафта. Соопштено е дека американските и руските офицери размениле мапи, графикони и информации за тоа каде се наоѓаат нивните сили во тоа подрачје за да не дојде до меѓусебен инцидент.

XS
SM
MD
LG