Достапни линкови

Седница на турскиот парламент за курдскиот референдум


Ирачки Курди на митинг за поддршка на референдумот за независност во главниот град на курдскиот регион во Ирак, Арбил, 15.09.2017.

Турскиот парламент ќе одржи итна седница во рамките на зголемувањето на притискот врз иралките Курди да се откажат од референдумот за независност на ирачки Курдистан. До ова доаѓа на неколку денови пред закажаниот референдум кој Турција го смета за закана по националната безбеденост. Медимите јавуваат дека пратениците ќе гласаат за обнова на дозволата на војската да интервенира во Ирак. Тусрката влада за денеска најави итна седница на која ќе бидат разгледени одговорите на курдскиот референдум.

XS
SM
MD
LG