Достапни линкови

Туск иницира зајакнување на улогата на ЕУ во Западен Балкан


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск посочи дека зајакнувањето на улогата на ЕУ во регионот на Западен Балкан е еден од приоритетите на политиката на Унијата. Тој во писмо испратено до лидерите на земјите членки на ЕУ најави дека во договор со бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе предложи следниот самит ЕУ-Западен Балкан да се одржи во Бугарија во мај следната година. Туск како „непосредни приоритети“ на блокот ги наведува консолидацијата на надворешната миграциска политика, јакнењето на одбранбените можности на Европа, иднината на економската и монетарната унија, јакнењето на меѓународната улога на ЕУ, односите со Турција и Западен Балкан, но и излегувањето на Британија од Унијата.

XS
SM
MD
LG