Достапни линкови

Трамп воведе нови санкции врз Северна Кореја


Американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови санкции врз Северна Кореја, Њујорк, 21.09.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови санкции врз поединци и компании кои соработуваат со Северна Кореја. Според неговите зборови, мерките имаат за цел попречување на севернокорејските трговски мрежи преку удар врз секој ентитет кој работи со таа земја. „Странските банки имаат јасен избор, работење со САД или овозможување на трговијата со одметничкиот режим во Северна Кореја“, изјави Трамп кој во вторникот од говорницата на Генералното Собрание на ОН и се закани на таа земја со „целосно уништување“. Европската унија ги поддржа новите санкции, а според дипломатски извори, ќе биде воведена забрана за сите европски фирми да извезуваат нафта во Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG