Достапни линкови

Трамп - Украина постигна добар напредок


Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Петро Порошенко.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја пофали Украина за постигнатиот „добар напредок“ и покрај тешките услови предизвикани од руската анексијата на полуостровот Крим.

Трамп денеска се сретна со својот украински колега, Петро Порошенко, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

„Украина не е најдоброто место за живеење, но атмосферата секојдневно се подобрува. Слушам многу добри работи“, рече Трамп по средбата со Порошенко, која траела шест минути, пренесуваат медиумите.

Порошенко,пак, му се заблагодари на Трамп за состанокот и изрази сочувство и солидарност со американскиот народ поради ураганите.

Поради руските активностите во Украина, САД наметнаа санкции за Москва.

XS
SM
MD
LG