Достапни линкови

Косово ја повлече кандидатурата за членство во Интерпол


Косовски полицаец.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја повлече кандидатурата на Косово за членство во Интерпол, соопшти денеска неговиот кабинет.

Одлуката на Харадинај следи по изјавата на косовскиот заменик-премиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли дека Косово не успеало да обезбеди доволен број гласови за биде примено во Интерпол.

По иницијативата за членство на Косово во Интерпол, членките на оваа меѓународна организација требаше да се изјасната на 26 септември во рамки на нејзиното Генерално собрание.

Барањето за членство во Интерпол, Косово го поднесе во 2016 година.

XS
SM
MD
LG