Достапни линкови

Ердоган - Турција презема чекори за купување балистички ракети


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турција презема чекори за купување балистички ракети за да ги заштити своите граѓани. Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој учествува на Глобалниот бизнис форум на Блумберг.

Турскиот шеф на државата вчера изјави дека ќе продолжат преговорите на Анкара за купување на ракетен систем С-400 од Русија.

„Ако во Сирија, во наша близина, има ракетен систем С-400, јас ќе се заложам и ние да имаме C-400, како и C-500. Ако не можам да купам оружје од НАТО, ќе најдам друг начин за тоа“, рече Ердоган.

Турскиот претседател на 12 септември соопшти дека Турција ѝ платила на Русија депозит за купување руски ракетен систем С-400 и покрај противењата на сојузниците од НАТО.

XS
SM
MD
LG