Достапни линкови

Преполовени водостоите на реките во Македонија


Реката Вардар во Скопје

Водостоите на речиси сите реки во Македонија се под просекот за септември, покажува денешното хидролошко мерење на УХМР.

Драстично намалување е регистрирано на Црн Дрим кај Ложани, од просечните 102 на 24 сантиметри.

Нивоата на Пчиња кај Катлановска Бања, на Брегалница кај Берово, на Црна Река кај Новаци и на Сатеска кај Ботун се повеќе од преполовени, додека надолни отстапувања бележат и Вардар кај Јегуновце, Скопје - Зајчев Рид, Велес и Демир Капија, како и Треска кај Македонски Брод.

Зголемен е единствено водостојот на реката Струмица кај Сушево.

XS
SM
MD
LG