Достапни линкови

Прослава на Еврејската нова година во централна Украина


Молитва на гробот на Раби Нахман во Уман

Над 30 илјади Хазади Евреи од целиот свет се собраа во градот Уман во централна Украина да ја прослават Еврејската нова година или Рош Хашана. Над 500 локални полицајци и 17 полицајци од Израел ги обезбедуваат верниците кои пристигнаа од 14 држави.

Бреслов Хазади Евреите се собираат во Уман секоја година да се помолат на гробот на основачот на движењето Ребе(учител) Нахман, кој починал во Уман во 1810 година.

Молитвите траат цела вечер додека првата ѕвезда не се појави на небото, означувајќи го почетокот на Новата година, во овој случај 5778 година според еврејскиот календар. Прославата трае до 22 септември.

Бројот на верници кои патуваат во Уман за Рош Хашана драматично се зголеми по распадот на Советскиот Сојуз и осамостојувањето на Украина во 1991 година, со што на странците им се олесни влезот во земјата.

XS
SM
MD
LG