Достапни линкови

ФЕД без промени на референтните каматни стапки


Американската Централна банка ФЕД реши од идниот месец да почне да го намалува огромното портфолио обрзници и да не ги менува референтните каматни стапки. Портфолиото обрзници сега вреди околу 4 ипол илјади милијарди долари кои биле купени со цел поттикнување на економијата по избувнувањето на светската финансиска криза во 2008 година. ФЕД реши да ги задржи краткорочните референтни каматни стапки на ниво меѓу 1 и 1,25 насто. ФЕД оценува дека пазарот на трудор расте, но оти инфлацијата е под саканите 2 насто на годишно ниво.

XS
SM
MD
LG