Достапни линкови

Шпанската полиција уапси 12 каталонски функционери поврзани со референдумот


Протест пред регионалното Министерство за економија во Барселона по апсењето на министерот Жозеп Мариа Жове

Полицијата уапсила најмалку 12 каталонски владини претставници и упаднала во регионалните министерства во Барселона, вклучени во организирањето на забранетиот референдум за независност.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој рече дека неговата влада е решена да го спречи гласањето.

„Нема демократска држава во светот која би го прифатила тоа што го планираат овие луѓе“, рече тој, барајќи од каталонскиот претседател Карлос Пуигдемонт да го почитува законот и да го заузда својот сецесионизам.

Пуигдемонт во меѓувреме оцени дека полициските операции биле незаконски и ја обвини централната влада во Мадрид дека „де факто“ ја суспендира автономијата на Каталонија и наметнува вонредна состојба.

Шпанската влада смета дека гласањето закажано за 1 октомври е нелегално, а Уставниот суд го суспендира Законот за референдум што го донесе каталонскиот парламент.

Каталонските лидери планираат прогласување независност во рок од 48 часа од гласањето „за“.

Шпанското Министерство за финансии денеска соопшти дека воведува дополнителни контроли на финансиите на каталонската влада за да се осигура дека за референдумот нема да се користат владини пари.

XS
SM
MD
LG