Достапни линкови

Човек кој повикал на отцепување на азискиот дел на Русија испратен во лудница


Мост на Урал, кој го дели европскиот и азискиот дел на Русија

Судот во Сибир нареди еден обвинет, кој повика на создавање на независна држава во која ќе влезе азискиот дел на Русија, да биде испратен на психијатриско лекување. Обвинителството во градот Ангарск во Иркутската област денеска соопшти дека човекот, чие име не е објавено, бил прогласен за виновен за „јавни повици за дејствија чија е цел е нарушување на територијалниот интегритет на Руската Федерација“. Сепак, судот пресудил дека тој не може да одговара за своите постапки поради лудило. Обвинителството соопшти дека осудениот е присилно испратен на лекување во психијатриска клиника.

Според обвинителството, осудениот во 2016 година на интернет ширел повици за создавање „посебна република од Урал до Тихиот Океан“, огромна област која го опфаќа целиот азиски дел на Русија.

Голем број на луѓе се обвинети во Русија за повици за создавање независни републики по нелегалната руска анексија на Крим од Украина во март 2014 година и по руското учество во конфликтот во источна Украина.

XS
SM
MD
LG