Достапни линкови

Тилерсон: неопходни се измени на нуклеарниот договор со Иран


aмериканскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека се неопходни измени на нуклеарниот договор со Иран постигнат во 2015 година, пред администрацијата на претседателот Доналд Трамп да се согласи да го прифати. Според Тилрсон, овојдоговор доволно не ја забавува иранската нуклеарна програма. Тој додаде дека Вашингтон ќе побара помош од евроспките сојузници кои исто така го имаат потпишано договорот да се обидат да го уверат Иран повторно да преговара околу некои одредници на договорот.

XS
SM
MD
LG