Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, на места проследен со ретки грмежи и со засилување на ветерот. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, на места ќе достигнува брзина до околу 65 км/час. УВ индексот ќе има вредност 5. Утринската температура ќе се движи од седум до 15 степени, а дневната температура од 22 до 33 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен југозападен ветери Утринската температура ќе достигне до 10, а дневната до 28 степени.

XS
SM
MD
LG