Достапни линкови

Новиот американски амбасадор во Русија сослушан во Сенатот


Џон Хантман, човекот номиниран од Белата куќа да биде следниот американски амбасадор во Русија, изјави дека нема "никакво сомневање" дека Москва се вмешала во минатогодишните претседателски избори. Овој коментар Џон Хантсман го даде за време на неговото сослушување за потврда пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот.

Хантман, поранешен гувернер на Јута и поранешен амбасадор во Кина, се очекува да биде потврден како претставник на Вашингтон во Москва. Експертите внимателно го следеа неговото сведоштво за тоа како ќе се справи со американските и руските односи, кои сега се на најлошото ниво од Студената војна.

Прашањето за наводното мешање на Русија на минатогодишните избори ја засени администрацијата на претседателот Доналд Трамп уште пред да дојде на власт. Самиот Трамп фрли сомнежи во заклучоците на американската разузнавачка служба за вмешаноста на Русија.

XS
SM
MD
LG