Достапни линкови

ЕК предложи мерки за заштита од компјутерски напади


Европската Комисија предложи низа мерки за подобра заштита на земјите на Унијата од сајбер нападите, вклучувајќи и посебна агенција и воведување на европски ознаки за заштита од компјутерските напади. Европскиот комесар задолжен за безбедноста Џулијан Кинг изјави дека тоа е клучно економско, ама и политичко прашање и додаде дека компјутерските напади можат да ги погодат демократските институции на Унијата. Комисијата предложи сегашната агенција ЕНИСА со седиште во Грција да се претвори во вистинска Агенција за сајбер безбедност на ЕУ.Новата агенција според Комисијата би имала постојан мандат, дополнителни ресурси и зголемени овласувања, со што би се подобрила подготвеноста на ЕУ во случај на компјутерски напади.


XS
SM
MD
LG