Достапни линкови

Јапонија распореди дополнителен ракетно-одбранбен систем


Јапонија денеска распореди дополнителен ракетен одбранбен систем на островот Хокаидо. Постапката следува по неодамнешното лансирање на ракета преку тој остров. Министерството за одбрана соопшти дека ќе ги преземе соодветните мерки поради заштита на безбедноста на народот. Северна Кореја во меѓувреме се закани дека Јапонија ќе ја потопи во морето, а пред неколку дена соопшти дека настојува да постигне воена рамнотежа со „непријателските Соединети Држави“ развивајќи свој полн нуклеарен арсенал.

XS
SM
MD
LG