Достапни линкови

УНИЦЕФ: Потребна е поголема грижа за децата во земјава


Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс до сите политички партии и гласачи упати повик да дадат централно место на состојбата со децата во демократската дебата пред изборите на 15 октомври.

„Приоритетите кои денеска ги поставуваме пред изборите ќе го одредат светот во кој децата ќе живеат утре. 15-ти октомври ни дава можност да се запрашаме дали ние како општество сме направиле доволно за нашите деца и внуци да имаат просперитетна и среќна иднина. Постигнат е одреден напредок за децата, но фактите укажуваат дека треба да направиме уште повеќе”, изјави Перкс.

Тој посочи дека речиси една третина од нашите деца живеат во сиромаштија, а поразителната реалност е дека сиромаштијата кај децата го нарушува нивниот здрав развој. Покрај повеќегодишниот напредок во намалувањето на смртноста кај децата, последните податоци покажуваат дека ние сме единствена земја од поранешна Југославија каде има зголемување на стапката на смртност кај децата. Најпознатата мерилка за остварувањата на системот за основно и средно образование, како што посочува, е рангирањето според Програмата на УНЕСКО/ОЕЦД за меѓународно оценување на учениците (ПИСА), каде се наоѓаме на 67-то место од вкупно 70 земји.

XS
SM
MD
LG