Достапни линкови

Народниот правобранител реагира на забрана ученички со шамии да следат настава


Народниот правобранител Иџет Мемети

Народниот правобранител ја осудува постапката на Министерството за образование и наука кое, како што наведува во реакцијата, со испратен допис му овозможило на директорот на Основното училиште „Братство и единство“ од Охрид да им забрани на ученички да посетуваат настава поради тоа што носеле шамија на главата и бара веднаш да им се овозможи да ја следат наставата.

„Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човекови права предвидуваат и дозволуваат слобода на вероисповед и слобода на изразување на религијата, а според Конвенцијата за правата на детето, слободата на манифестирање на вероисповедта може да потпаѓа само под ограничувања предвидени со закон, а вакви ограничувања не се предвидени со Законот за основно образование и со останатите позитивни законски прописи“, пишува Народниот правобранител во соопштението.

XS
SM
MD
LG