Достапни линкови

Судири по ослободувањето на обвинетите за насилствата во Одеса


Вкупно 48 луѓе загинаа во Одеса на 2 мај 2014 година, повеќето од нив во пожар подметнат во зградата каде што се криеја од уличните насилства на 2 мај 2014 година

Украинската полиција ги истражува вчерашните судири што избија откако судот ги ослободи 19-темина обвинети за крвавите насилства меѓу проруските и украинските активисти во мај 2014 година во Одеса. Полицијата употреби солзавец да ги растера околу стоте активисти кои протестираа против ослободителните пресуди кои ги донесе судот во Черноморск, град во близина на Одеса, каде што се одржа судскиот процес. Во полицијата велат дека 10 полицајци и 15 припадници на Националната гарда биле повредени во насилствата.

Освен во источна Украина, каде што од избивањето на војната во април 2014 година досега загинаа околу 10 илјади луѓе, немирите на 2 мај 2014 во Одеса беа најкрвавите насилства поврзани со руските напори за разгорување на сепаратизмот во Украина, откако прорускиот претседател Виктор Јанукович беше соборен од власт во февруари таа година.

Вкупно 48 луѓе загинаа во Одеса на 2 мај 2014 година, повеќето од нив во пожар подметнат во зградата каде што се криеја од уличните насилства. Русија и Украина меѓусебно се обвинуваа за насилствата.

Деветнаесетте обвинети, кои вчера беа ослободени, се товареа за поттикнување на судирите на Хретскиот плоштад во Одеса, каде што загинаа шест луѓе. Двајца од ослободените, Русин и Украинец, повторно беа уапсени, овојпат под обвинение за сепаратизам.

XS
SM
MD
LG