Достапни линкови

Одложено судењето на напаѓачот на Шеќеринска во Собранието


Тогашната пратеничка Радмила Шеќеринска беше меѓу нападнатите во Собранието на 27 април 2017

Во Основниот суд Скопје 1 денеска беше одложено судењето против Панче Ангелов, за нападот врз тогашната пратеничка, а сега министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, во Собранието на 27 април годинава. Новото рочиште е закажано за 6 октомври 2017 година.

Судењето е одложено по барање на адвокатот на обвинетиот доделен по службена должност, кој побара време за да се подготви.

Според Шеќеринска, главните насилници во настаните од 27 април биле изманипулирани да вршат насилство.

„Насилството не се исплаќа, насилството се казнува. Бевме стрпливи овие неколку месеци, иако не беше лесно. Ако е ова само дополнително чекање, не мислам дека е проблем. Верувам во правото на секој обвинет да има адвокатска помош“, изјави Шеќеринска.

На новинарско прашање дали очекува со изборот на новиот јавен обвинител да се забрза истрагата за расчитување на настаните од Собранието, таа истакна дека и без избор на нов државен јавен обвинител, постојното јавно обвинителство има обврска да отвора истраги и да покренува обвиненија за расчистување на настаните од крвавиот четврток.

XS
SM
MD
LG