Достапни линкови

Ураганот Марија предизвика големи штети во Доминика


Илустрација: Поплавени улици во главниот град на Куба, Хавана, на 10 септември 2017

Карипскиот остров Доминика претрпе големи штети од ураганот Марија, информира премиерот Рузвелт Скерит.

„Првичните извештаи зборуваат за големи уништувања“, напиша Скерит денеска на Фејсбук, велејќи дека од многу куќи се откорнати покривите, меѓу кои и од неговата.

Тој пишува дека стравува оти ќе има повредени, а можеби и загинати во евентуалните свлечишта на земјиштето предизвикани од постојаниот дожд.

Ураганот Марија премина во невреме од петта категорија откако доцна синоќа ја зафати Доминика.

Националниот центар за урагани во САД соопшти дека ураганот малку ослабнал до крајно опасна бура од четврта категорија кога се упатил кон француската територија Гвадалупе. Предупредувања за урагани без издадени за Гвадалупе, Доминика, Британските Девствени Острови, Сент Китс и Невис, Монсерат, Мартиник и Света Луција.

Регионот сè уште се опоравува од ураганот Ирма, кој на почетокот на месецов предизвика десетици смртни случаи на Карибите и во американските сојузни држави Флорида и Грузија. Особено погодени беа Барбуда и Сент Мартин.

XS
SM
MD
LG