Достапни линкови

Околу 200 Турци со дипломатски пасоши добија азил во Германија


Обидот за државен удар во Турција во јули 2016

Речиси 200 Турци со дипломатски пасоши добија азил во Германија по неуспешниот обид за преврат во Турција во јули 2016 година, јави ДПА, повикувајќи се на германското Министерство за внатрешни работи.

Од 249 Турци со дипломатски пасоши кои побарале азил во Германија, на 196 им било дозволено да останат во земјата, се наведува во официјалниот одговор на германското МВР на парламентарното прашање поставено од една левичарска партија.

Во информацијата на германското МВР не се соопштува колкав е бројот на турските војници кои добиле азил во Германија.

XS
SM
MD
LG